Почетна ДЕНЕС Тешко сведочење за трагедијата во „Пулс“: „Пет лица бевме на маса, само...

Тешко сведочење за трагедијата во „Пулс“: „Пет лица бевме на маса, само јас останав жив “

57
0

Со солзи и тешки емоции, Мартин Китанов од Оризари сведочеше пред судот за ужасните моменти низ кои поминал за време на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и за болката по загубата на четворица блиски пријатели со кои таа вечер излегле да го прослават раѓањето на синот на еден од нив.

Китанов раскажа дека од петтемина пријатели кои биле заедно таа вечер, единствено тој преживеал. Тројца биле пријатели од детството, а четвртиот бил исклучително близок пријател, чија смрт сè уште му останува мистерија.

Групата најпрво се забавувала во кафеана, а потоа заминале во дискотеката. По активирањето на прскалките, поминале минута или две додека пејачот Панчо не ги повика присутните да излезат надвор. Во тој момент, просторот веќе бил преполн со чад, а видливоста речиси исчезнала.

Сите се упатиле кон излезот и брзо стигнале до „каубојската врата“, но таму настанал хаос. Китанов се сопнал и паднал, а врз него почнале да паѓаат други луѓе. Неколкумина лежеле еден врз друг, а метежот продолжил да расте.

Првиот кој се обидел да му помогне бил обезбедувачот Лазар Захариев, но не успеал да го извлече поради големиот притисок од толпата. Китанов раскажа дека не можел да дише, градите му биле целосно притиснати, но се трудел да остане свесен и си повторувал дека ако го тргнат од толпата, ќе преживее.

Во хаосот забележал пожарникари кои се приближувале, што му дало надеж, но ни тие веднаш не успеале да го извлечат. Нозете не ги чувствувал, болката била силна, а силата полека го напуштала. Помислата на своите две деца му дала дополнителна сила да издржи и да продолжи да дише.

Конечно, едно момче му притекнало на помош и со голем напор успеало да го извлече надвор. Китанов излегол без патики, со скината облека, изгребан и крвав. И покрај повредите, сакал да се врати назад за да ги побара другарите, но му рекле дека е преголем ризик и мора да остане надвор.

Со последни сили стигнал до блиската бензинска пумпа, каде работел негов пријател. Таму се обидувал повеќепати да ги контактира другарите, но никој не одговарал. Потоа бил пренесен дома, а подоцна и на лекување во болница „Систина“, каде добил и медицинска и психолошка поддршка.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде