Почетна ДЕНЕС „Законот за пушење може да згасне илјадници мали продавници“

„Законот за пушење може да згасне илјадници мали продавници“

75
0

Малите продажни објекти, како тобако продавниците, киосците, мини маркетите и семејните дуќани, би можеле да се соочат со сериозни финансиски последици поради најавениот Закон за заштита од пушење. Сопствениците предупредуваат дека новите правила ќе донесат дополнителни трошоци и значителни загуби, што може да резултира со отпуштање на работници или дури и затворање на дел од објектите.

Тие посочуваат дека ограничувањата поврзани со начинот на продажба, изложување и информирање за цигари и други тутунски производи директно ќе ја загрозат егзистенцијата на илјадници мали бизниси низ државата.

Според Стопанската комора на Северна Македонија, ваквите мерки ќе погодат повеќе од 4.000 мали и средни претпријатија, при што значаен дел од нивните приходи доаѓа од долгорочни договори со тутунската индустрија.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде