Почетна ДЕНЕС ССМ и Работниците на историски протест: Работниците бараат плати за достоинствен живот

ССМ и Работниците на историски протест: Работниците бараат плати за достоинствен живот

88
0

Сојузот на синдикати на Македонија најави протест во среда, 28 јануари, со почеток во 17 часот, кој ќе се одржи пред Собранието, Стопанската комора и Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека работниците повеќе не можат да живеат од ниски плати и празни ветувања.

Тој истакна дека прагот на сиромаштија изнесува 31.200 денари и дека е неопходно итно зголемување на платите, а не симболично усогласување од 25 евра. Од ССМ предупредуваат дека ова е почеток на серија протести, со можни блокади и генерален штрајк, доколку не дојде до зголемување на минималната плата на 600 евра.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде