Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за внатрешни работи Велес, започна со инсталирање на камери на главните улици во Велес. Во моментот се реализира монтажа на кабли, метални сандачиња, столбови и самите камери, во рамките на проектот „Безбеден град“. Според првичните информации од претставник на СВР Велес, се очекува проектот да стартува кон крајот на јули годинава.
Приоритетот за поставување на камерите ќе се утврдува според специфични критериуми за безбедност, со акцент на главните сообраќајни артерии, клучните крстосници и „црните точки“ каде што се случуваат најчесто сообраќајни незгоди. Точниот број и одредените локации ќе бидат дефинирани по завршувањето на техничкото планирање.






