Според информации што ги објавија грчките медиуми, грчката Амбасада во Вашингтон реагирала во врска со употребата на името на Македонија од страна на првата дама Меланија Трамп. Таа, која има словенечко потекло, на самит што самата го организирала, на кој присуствувала и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, првично ја поздравила користејќи го името „Македонија“.
По дипломатската реакција од грчката амбасада, според истите извори, во понатамошните обраќања и настапи Меланија Трамп го користела новото уставно име на државата.






