По подолга пауза од музичката сцена, Елвир Мекиќ повторно е активен и го означува своето враќање со нова песна и видео спот насловени „Дијамант“. Станува збор за современа и длабоко емотивна композиција, која најавува нова, позрела фаза во неговото музичко творештво.
Автор на текстот е самиот Елвир, додека музиката и аранжманот ги потпишува Јован Јованов, чија работа е препознатлива по модерен и квалитетен звук. Спотот за песната е реализиран на живописната локација Козјак, а зад камерата стои режисерот Кристијан Теодоров, кој преку внимателна режија и силна визуелна естетика ја доловува емоцијата и приказната на „Дијамант“.
„Уште при првото слушање се поврзав со песната. Искрено верувам дека истото чувство ќе го има и публиката. Оваа песна ми е многу значајна, бидејќи е искрен одраз на моите емоции и љубовта кон музиката“, изјави Елвир Мекиќ.
youtube.com/watch?v=KcFi-v1VlaM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmuzika24.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE






