Почетна ДЕНЕС Kомедијата „Свадба“ во режија на Игор Шереги ќе ја има својата македонска...

Kомедијата „Свадба“ во режија на Игор Шереги ќе ја има својата македонска премиера

118
0

Kомедијата „Свадба“ во режија на Игор Шереги ќе ја има својата македонска премиера. Филмот ја следи приказната за две семејства, едното хрватско, другото српско, чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и меѓународен инцидент.

Во него игра мешано хрватско-српска екипа. Во главната улога настапува познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ.

Во другите улоги настапуваат: Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, како и Јелисавета Сека Саблиќ.

Деновиве, во Белград, комедијата ја имаше својата српска премиера, на која, во „Сава центар“, се собраа бројни гости од јавниот живот на Србија.

Филмот веќе бележи успех, со рекордно отворање уште во првиот викенд од прикажувањето, неколку дена по успешната претпродажба и големата загрепска премиера.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде