Почетна ДЕНЕС Само 12% од младите веруваат дека нивниот глас се слуша

Само 12% од младите веруваат дека нивниот глас се слуша

48
0

Младите во Македонија со години се дефинирани како „иднината на државата“ –Само 12% од младите веруваат дека нивниот глас се слуша.Овој податок не упатува на младинска апатија, туку на длабок системски проблем.Според податоците од мониторингот за 2024 година, локални младински совети постојат во само 28 општини, младински центри управувани од младински организации има во 10 општини, а локални стратегии за млади и акциски планови исто така се усвоени во само 10 општини.

Истражувањето дополнително покажува дека 44% од младите се чувствуваат „делумно слушнати“, што укажува дека волја за учество постои, но дека механизмите за влијание сериозно затајуваат. Во исто време, уште 44% сметаат дека нивниот глас воопшто не се слуша.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде