Македонскиот народен театар ја започнува 2026 година со богата и разнолика уметничка програма. Првиот месец ќе понуди сценски спектакли, современи и класични драми, како и стендап-настапи на големата и малата сцена.
Сезоната започнува на 15 и 16 јануари со спектаклот „Сонцето, колку е блиску сонцето“, чии изведби се целосно распродадени. На 17 јануари, публиката ќе може да избере меѓу драмата „Бели ноќи“ на малата сцена (20:00 часот) и стендап-настапот „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев на големата сцена (20:30 часот).
Следуваат претставите: „Народен пратеник“ (20 јануари), монодрамата „Торонто експрес“ (21 јануари), драмата „Варвари“ (22 јануари) и „Кец на десетка“ (23 јануари).
На 24 јануари на големата сцена е „Бог на колежот“ (20:00 часот), а во 21:00 часот на малата сцена ќе се одржи новогодишното стендап-шоу „На терапија“ со Александар и Антонио. Понатаму, програмата вклучува: „Мој термин“ (26 јануари), „12“ (28 и 29 јануари), „Марта Верна“ (30 јануари) и „Замисли нов свет“ (31 јануари).
Јануарската програма ветува динамични изведби и богати културни доживувања за сите љубители на театарот.






