Почетна СПОРТ Данска обезбеди полуфинале со победа над Германија на ЕП

Данска обезбеди полуфинале со победа над Германија на ЕП

52
0

Данска ја победи Германија со резултат 36:31 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Судбината на вториот полуфиналист од Групата 1 ќе се решава во директниот дуел меѓу Германија и Франција, откако Французите доживеаaа изненадувачки пораз од Шпанија.

Во мечот со Германија, Данска повторно покажа зошто се смета за главен фаворит за титулата. Германските ракометари се држеа во првото полувреме, не дозволувајќи им на Данците да стекнат повеќе од три гола предност, а на паузата негатива изнесуваше само еден гол. Во вториот дел, одбраната на Данска, предводена од голманот Нилсен, заигра извонредно, а предноста се зголеми на седум гола. Кога Питлик постигна шест гола во низа, беше јасно кој ќе го добие мечот.

Гидсел и Питлик предводеа со по шест гола, додека Нилсен забележа 14 одбрани. Кај Германија, Ушчинс беше најефикасен со шест гола. Претходно, Шпанија направи изненадување победувајќи ја Франција со 36:32, а во еден момент предноста на Шпанците изнесуваше седум гола. Французите, предводени од голманот Дебоне, успеаја двапати да ја намалат негатива, но не и да го направат пресвртот.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде