Сојузот на синдикати на Македонија најави протест во среда, 28 јануари, со почеток во 17 часот, кој ќе се одржи пред Собранието, Стопанската комора и Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека работниците повеќе не можат да живеат од ниски плати и празни ветувања.
Тој истакна дека прагот на сиромаштија изнесува 31.200 денари и дека е неопходно итно зголемување на платите, а не симболично усогласување од 25 евра. Од ССМ предупредуваат дека ова е почеток на серија протести, со можни блокади и генерален штрајк, доколку не дојде до зголемување на минималната плата на 600 евра.






