Почетна ДЕНЕС ССМ повикува на протест: Работниците да се обединат за повисоки плати

ССМ повикува на протест: Работниците да се обединат за повисоки плати

61
0

Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, како и членовите на другите синдикати чии лидери не се борат за нивните плати, се повикани да се приклучат на протестот што ќе се одржи во сабота во 12 часот и 5 минути пред Работничкиот дом. Целта на собирот е да се испрати силна порака дека платите, вклучително и минималната плата, мора да се зголемат за сите работници.

На денешната прес-конференција, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека работниците мора сами да се борат за своите примања, бидејќи, како што рече, никој друг нема да ја води таа борба наместо нив. Според него, платата што работниците ја добиваат е резултат на нивниот труд, пот и напор, а не подарок од работодавачите.

Трендафилов додаде дека предложеното усогласување на минималната плата од 1.667 денари е недоволно, особено во услови на постојан раст на трошоците за живот. Како дополнителен аргумент го посочи и фактот дека вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемила за 2.000 денари во само два месеца.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде