Почетна СЦЕНА Лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евросонг

Лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евросонг

18
0

Лицата со оштетен слух и годинава ќе можат да уживаат во Евровизија, која ќе се одржи во Виена, преку интерпретација на песните на меѓународен знаковен јазик. Специјално избрани толкувачи-уметници ќе ги преведуваат и сценски ќе ги изведуваат настапите на земјите учеснички.

Во Виена неодамна се одржа избор на кандидати за оваа улога, а од 13 пријавени ќе биде формирана група што за време на натпреварот во мај ќе ги интерпретира песните. Овој инклузивен пристап беше воведен во 2015 година од австриската телевизија ОРФ, со цел Евровизија да биде подостапна за сите.

Организаторите појаснуваат дека станува збор за целосен сценски перформанс, а не само буквален превод, во кој значајна улога имаат мимиката, движењата и уметничкиот израз.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде