Почетна ДЕНЕС 9 февруари – официјален роденден на пицата

9 февруари – официјален роденден на пицата

90
0

Пицата е едно од оние јадења што ги обединува сите генерации – ја сакаат и младите и повозрасните. Подеднакво е совршен избор и за ручек и за вечера, а како вистинска ѕвезда на италијанската гастрономија, секоја година го одбележува својот ден на 9 февруари. Иако основата секогаш е тестото, токму разновидните додатоци ѝ даваат посебен карактер – без разлика дали станува збор за Маргарита, Капричоза, Мексикана, Фунги, Вегетаријана или Кватро Формаџи.

Во Македонија, пицата е дел од секојдневните навики и се консумира во различни периоди од денот. Најчесто се нарачува навечер, помеѓу 18 и 20 часот, кога се реализира речиси една третина од вкупната потрошувачка. Петокот, пак, убедливо го држи првото место како омилен ден за нарачка, со околу 15% од сите годишни нарачки.

Корените на модерната пица водат до Неапол, каде во 18 и 19 век на улиците се продавале едноставни варијанти со тесто, домати и неколку основни состојки. Најпознатата меѓу нив – пицата Маргарита – се појавила во 1889 година, за време на посетата на кралот Умберто I и кралицата Маргарита. Во нивна чест, пица-мајсторот Рафаеле Еспозито создал пица со состојки што ги претставуваат боите на италијанското знаме: домати, моцарела и свеж босилек.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде