Почетна ДЕНЕС ССМ излегува на протест: Се бара минимална плата од 600 евра и...

ССМ излегува на протест: Се бара минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за сто евра

69
0

Претседетелот на ССМ, Слободан Трендафилов во завчерашното интервју за „360 степени“ рече дека Македонија е на дното кога станува збор за платите и затоа не би рекол дека некому треба да му се чини многу зголемување на минималната плата од сегашните 397 на 600 евра

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестото и барањата на ССМ, изјави дека минималната плата законски се зголемува во март и дека ќе го поддржат секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог. Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 премиерот рече дека синдикатите одбиле зголемување на платите за 40 отсто за четири години, бидејќи, како што кажа, некој бил политички заробен

Сојузот на синдикатите Македонија (ССМ) денеска попладне во 17 часот излегува на протест, на кој ќе го повторат своето барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за сто евра.

извор 360.мк

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде