Почетна ДЕНЕС Нов закон за заштита од пушење: целосна забрана во затворени простории и...

Нов закон за заштита од пушење: целосна забрана во затворени простории и високи казни

17
0

Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи и предвидува целосна забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, како и во возила со деца. Забраната се однесува и на е-цигари, загреан тутун и никотински производи, а ќе се забрани и продажбата на парче, ароматизираните производи и секоја форма на реклама и промоција.

Цигарите и е-цигарите ќе се кријат во продавниците, а непочитувањето ќе се казнува со високи парични казни – до 5.000 евра за фирми и 100–300 евра за граѓани. Законот се смета за еден од најстрогите во регионот и има за цел значително да ја намали изложеноста на пасивно пушење и да заштити јавното здравје.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде