Почетна ДЕНЕС Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му...

Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му го нарушиле угледот со клеветење објави Скопје1.мк

95
0

Експремиерот Зоран Заев соопшти дека поднел тужби за клевета и нарушување на чест и углед против Бране Петрушевски и Жан Митрев.

Тужбите се поднесени до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари.

Според наводите во поднесоците, Заев смета дека со јавни изјави и настапи му биле изнесени невистинити факти со кои се нарушува неговата чест и углед. Во едниот предмет, тужбата се однесува на изјави дадени на прес-конференција, а во другиот – на телевизиско гостување, при што, според тужителот, изнесените тврдења биле пренесени и од медиуми и интернет-портали.

„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, изјави Заев, додавајќи дека евентуалниот надоместок од добиените тужби ќе биде дониран за деца без родители и лица со посебни потреби.

Во тужбите се повикува на одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со барање за утврдување одговорност и надомест на нематеријална штета поради повреда на угледот.

Се очекува судот да одлучи по поднесените тужби во редовна постапка.

објави Скопје1.мк

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде