Почетна ДЕНЕС Циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и...

Циклон од Џенова од недела 25 Јануари ни носи многу дожд и снег

47
0

По краткотрајна стабилизација и престанок на врнежите во наредните 2–3 дена, од недела попладне и навечер (25 јануари), како и во понеделник (26 јануари), Македонија ќе биде под влијание на силен циклон со центар над Џенова.

Ќе има зголемена облачност и пообилни врнежи од дожд, засилен јужен и југоисточен ветер и локална нестабилност со грмежи. На планините ќе врне снег и ќе се зголеми снежната покривка, а локално се очекуваат над 30 л/м² воден талог.

Во понеделник, поради продор на постуден воздух од север, снежната граница ќе се спушти под 1000 м, особено во западните и северните предели, каде дождот ќе премине во снег.

Во Скопје и околината ќе има пообилен дожд со засилен југоисточен ветер, а на околните повисоки предели, особено во понеделник, ќе има услови за повремен снег.

До сабота температурите ќе бидат во пораст и на места над 10°C, а од недела повторно ќе следи заладување.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде