Илјадници граѓани излегоа на улица со јасно барање – минималната плата да изнесува најмалку 600 евра. Од синдикатите порачаа дека сегашните примања не ги покриваат основните трошоци за живот и дека трпението на работниците е при крај. Доколку Владата не одговори на барањата, најавен е генерален штрајк на национално ниво.





