Мотоциклистичката федерација на Македонија на својата годишна свеченост ги одликуваше најистакнатите поединци за 2025 година, а централно место на настанот зазеде Петар Мијалков, кој ја доби Наградата за најзначаен спортски успех. Ова признание е резултат на низа врвни и рекордни настапи со кои Мијалков остави длабок белег на домашната и меѓународната мотосцена.
Со својата сигурност на патеката, континуирани победи и висок степен на професионалност, тој се наметна како предводник на новата генерација македонски мотоциклисти, подигнувајќи го спортот на повисоко ниво.
„Ова признание го доживувам како заеднички успех. Зад мене стојат мојот тим, моето семејство и сите што ми даваат поддршка на секоја трка. Свесен сум за одговорноста што ја носи вниманието на јавноста и големите очекувања што следат. Со целосна посветеност ќе се борам и понатаму да ги оправдам и да ја претставувам Македонија со гордост на највисоките подиуми“, истакна Мијалков во своето обраќање
.







