Почетна ДЕНЕС Паузата на имигрантски визи во САД нема да влијае на туристички и...

Паузата на имигрантски визи во САД нема да влијае на туристички и студентски визи за Македонија

16
0

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека привремената суспензија на обработката на имигрантски визи за 75 земји, меѓу кои е и Северна Македонија, нема да влијае на другите видови визи, како туристички, студентски или за стопанственици.

Тој нагласи дека најмал број апликации од нашата држава се за иселенички визи, главно од повозрасни граѓани, и дека приоритет во визната политика е развојот на државата преку поддршка на студенти, научници и стопанственици.

Муцунски додаде дека ваквите мерки не ја менуваат визната политика за граѓаните и потенцираше дека важни се практичните резултати, а не перцепциите од критиките.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде