Почетна ДЕНЕС Амфитеатарот во Нови Сад ќе го носи името на Васко Саздовски, научникот...

Амфитеатарот во Нови Сад ќе го носи името на Васко Саздовски, научникот кој го загуби животот при урнувањето на настрешницата

70
0

Амфитеатарот на Институтот БиоСенс во Нови Сад ќе биде именуван во чест на Васко Саздовски, македонски научник кој трагично го загуби животот при уривање на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.

Свеченото именување е закажано за утре, 6 февруари, а од Институтот посочуваат дека овој чин претставува длабок знак на почит и сеќавање на нивниот колега.

„Васко Саздовски беше исклучително посветен научник и личност која со својата стручност, одговорност и човечност остави траен печат врз развојот на Институтот и пошироката академска заедница“, наведуваат од БиоСенс.

Иницијативата за именување ја поддржаа 137 вработени на Институтот. За изработката на спомен-плочата е ангажирана реномираната академска уметница Светлана Милиќ, м-р, која понуди уметничко решение осмислено да го зачува споменот на Саздовски на достоинствен, ненаметлив и симболичен начин.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде