Почетна ДЕНЕС Средна активност на грипот во земјава, зголемување кај децата и возрасните. Нема...

Средна активност на грипот во земјава, зголемување кај децата и возрасните. Нема продолжување на зимскиот распуст

19
0

Од 5 до 11 јануари се регистрирани 2.322 заболени од грип, што е зголемување од 34,6% во однос на претходната недела, соопшти д-р Драган Кочишки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најпогодени се децата до 14 години, додека најголем број случаи е регистриран во Скопје (556), Тетово (308), Куманово (266) и Охрид (202).

И покрај растот, активноста на вирусот се смета за средна и засега не се воведуваат дополнителни мерки како продолжување на зимскиот распуст. Епидемиолозите апелираат на превенција: проветрување на простории, слоевита облека, консумирање витамини и останување дома при појава на симптоми.

Во текот на втората недела е регистриран еден смртен случај – 75-годишна жена со грип од типот А. Од почетокот на сезоната до 11 јануари има вкупно 6.147 заболени, што е 2,6 пати повеќе отколку во истиот период лани, со доминација на вирусот АХ3.

„Бројките се очекувани за овој период од годината. Иако имаме раст од неколку недели порано од очекуваното, сепак сме во средно ниво на активност на вирусот. Тоа засега не дава можност да даваме или да воведуваме претерани мерки, како, на пример, продолжување на зимскиот распуст. Ја следиме состојбата и доколку има каква било промена, ќе апелираме и ќе дадеме соодветни мерки“, вели епидемиолог од ИЈЗ

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде