Почетна СПОРТ Стартува Европското првенство во ракомет: Македонија утре против Данска

Стартува Европското првенство во ракомет: Македонија утре против Данска

14
0

Со денешните натпревари меѓу Франција и Чешка, како и дуелот Шпанија – Србија од 18 часот, заедно со средбите Германија – Австрија и Норвешка – Украина, официјално започнува новото Европско првенство во ракомет.

Шампионатот се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, каде што ќе настапат 24 национални селекции, распределени во шест групи.

Македонската репрезентација својот настап на континенталниот собир ќе го започне утре од 20.30 часот со натпревар против еден од домаќините, силната селекција на Данска. Во продолжение од групната фаза, Македонија ќе се соочи и со Португалија и Романија.

Најмладиот член на националниот тим, Дамјан Митев, истакна дека македонските ракометари ќе влезат со целосна посветеност и борбеност, и покрај тоа што Данска важи за апсолутен фаворит.

„Данска е врвна репрезентација и не треба многу зборови за нивниот квалитет. Чувството да играш против играчи кои ти биле идоли е посебно. Кога настапуваш за репрезентацијата и ја претставуваш државата на Европско првенство, тоа е голема чест. Ќе дадеме максимум и против Португалија и Романија“, изјави Митев.

Пласман во следната, финална фаза на натпреварувањето ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде