Утре се очекува собраниска седница на која ќе се усвојат предложените измени во Законот за прекршоците, кои се неопходни за старт на системот „Сејф сити“ од 1 февруари. Договорот е постигнат меѓу координаторите на пратеничките групи, а поддршката ќе ја даде и коалицијата предводена од ДУИ.
Измените овозможуваат полицијата електронски да испраќа записници за прекршоци и да ги користи формуларите директно на терен, додека понатамошни подобрувања може да се иницираат по имплементацијата на законот.






