Почетна ДЕНЕС Европа ја затвора вратата за стари автомобили

Европа ја затвора вратата за стари автомобили

63
0

Европската Унија работи на значајна промена во правилата кои ја регулираат трговијата со половни автомобили, со цел да ги спречи најлошо одржаните или технички неисправни коли да завршуваат во трети земји како што се земјите на Западен Балкан. Новиот пакет регулативи што се развива во Брисел подразбира дека кога одредено возило ќе се продава или извезува од ЕУ, мора да биде јасно докажано дека не е „возило на крајот од животниот век“ (End-of-Life Vehicle – ELV) и дека е технички исправно и безбедно за сообраќај.

Ова значи дека старите, со децении користени автомобили кои редовно се извезуваат од Германија, Италија, Франција, Австрија или Белгија нема да можат лесно да се продадат или испратат во трети земји без стандардизиран доказ за исправноста. Потврда за тоа ќе се добива со задолжителен технички преглед или проценка од независен експерт, а без таков документ возилото едноставно нема да може да се регистрара, да се извезе или да се продаде преку официјални канали.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде