Почетна ДЕНЕС Македонија под удар Џеновскиот циклон: Не очекуваат обилни дождови

Македонија под удар Џеновскиот циклон: Не очекуваат обилни дождови

60
0

Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова, во Македонија денес ќе преовладува облачно и врнежливо време. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи од дожд, а во источните предели врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен јужен и југоисточен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 60 км/час. Во одделни подрачја овие процеси ќе се манифестираат како локално невреме.

Поради продор на поладен воздух од север, особено кон крајот на денот и во вечерните часови, во Повардарието ќе дува засилен северен ветер.

На планините над 1200–1300 метри надморска височина врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе дојде до зголемување и проширување на снежната покривка.

Во Скопје и Скопскиот регион ќе има врнежи од дожд, повремено и пообилни, со засилен ветер од јужен и југоисточен правец, кој подоцна ќе се сврти од север. Во делови од Скопската котлина ветерот ќе достигнува околу или над 60 км/час. Утринските температури ќе бидат од 2 до 10°C, а дневните од 4 до 11°C.

 

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде