Со одигрувањето на последните натпревари од Е групата во Малме заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет. Шведска убедливо ја совлада Хрватска со 33:25 и го освои првото место во групата, додека Холандија славеше над Грузија со 31:26.
Во главната фаза, репрезентациите ги пренесуваат резултатите од меѓусебните дуели и ќе се играат уште четири кола. Во групата 1 со по два бода стартуваат Германија, Франција и Португалија, а без бодови се Данска, Шпанија и Норвешка. Во групата 2 по два бода имаат Шведска, Словенија и Исланд, додека Хрватска, Унгарија и Швајцарија се без бод.
Останатите 12 селекции се пласираа од 13. до 24. место, меѓу кои и Македонија.
Денес на програмата се натпреварите Германија – Португалија, Шпанија – Норвешка и Данска – Франција.






