Почетна СПОРТ Македонија го отвора Европското првенство против Данска во Хернинг

Македонија го отвора Европското првенство против Данска во Хернинг

24
0

Македонската ракометна репрезентација вечерва во 20:30 часот го игра својот прв натпревар на Европското првенство, а противник ни е домаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен натпревар, со победа против Митјиланд.

Ова е вторпат македонските ракометари на стартот на Европско првенство да играат против Данска во Хернинг; првиот ваков дуел беше во 2014 година. Овој натпревар е дел од групата Б, а во истата група претходно во 18 часот се сретнуваат Португалија и Романија.

Нашата репрезентација следните натпревари ги игра против Португалија во недела од 18 часот и против Романија во вторник, исто така од 18 часот.

Во следната фаза ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации од групата.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде