Почетна СЦЕНА 10-те најлуди работи од животот на Дејвид Боуви

10-те најлуди работи од животот на Дејвид Боуви

20
0

Дејвид Боуви беше уметник со многу лица, кој освен со музиката, јавноста ја фасцинираше и со својот уникатен приватен живот. Од самиот почеток на кариерата, се издвојувал со необичната боја на гласот и со очите со различна боја, што му давало мистичен и незаборавен изглед.

Неговите сценски настапи, авангардната гардероба и експерименталната шминка го издвојувале од другите алтернативни рок музичари, додека неговиот приватен живот често бил исполнет со контроверзии, што го правело вистинска енигма за обожавателите и голема инспирација за други музичари.

Еве неколку помалку познати факти за Боуви:

Чување на урината во фрижидер
По расправија со гитаристот на „Лед Зепелин“, Џими Пејџ, Боуви се плашел дека Пејџ, поради интересот за окултното, би можел да повика лоши духови. За да се заштити, Боуви ја чувал својата урина во фрижидер, верувајќи дека тоа ќе го одбрани од негативни влијанија.

„Јоко Оно и сите останати“
На 17. издание на наградите Греми, Боуви, многу пијан, им честитал на Џон Ленон и Јоко Оно за љубовта и на сцената им се обратил на публиката со зборовите „Дами и господа… и сите останати“. Подоцна признал дека не се сеќавал на ништо.

Страст за долга коса
Уште на 17-годишна возраст, Боуви имал силна наклонетост кон долга коса и основал „Друштво за спречување на суровоста кон долгокосите мажи“.

Сексуална ориентација и Зиги Стардаст
Боуви експериментирал и во музиката и во љубовта. Се привлекувал и кон мажи и кон жени. Во седумдесеттите го создава своето алтер его Зиги Стардаст – андрогина, вонземска рок-ѕвезда. Во 1972 година, јавно се изјаснил како хомосексуалец, а четири години подоцна открил дека е бисексуалец, изјавувајќи дека тоа е најдобрата работа што му се случила.

Тепачка која го одбележа за цел живот
Причината за различните зеници на очите е силен удар во главата од 15-годишна возраст, по тепачка со Џорџ Андервуд, бидејќи двајцата биле вљубени во исто девојче.

Романса со мајката на Слеш
Слеш открил дека Боуви имал интимна врска со неговата мајка, која работела како костимограф.

Страст кон сликарството
Во Берлин, по прекинот со зависноста од дрога, Боуви почнал сериозно да се занимава со сликарство. Таму се запознал со електронската сцена и соработувал со Брајан Ено, создавајќи музички албуми како „Low“ и „Heroes“ кои влијаеле на техно музиката.

Дружење со Деби Хари
Во својата автобиографија, пејачката на „Блонди“ открила дека Боуви и Иги Поп ѝ пристапиле за да ѝ побараат кокаин.

Фасцинација со нацистите
Некои негови контроверзни постапки во седумдесеттите, вклучително и интервјуа со обожавање на Хитлер, се делумно објаснуваат со неговата употреба на дрога во тој период.

Боуви не беше само музичка легенда – тој беше уметник кој постојано ја поместуваше границата помеѓу авангардното и популарното, оставувајќи неизбришлив траг во светот на музиката и културата.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде