Почетна СПОРТ Завршија Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026. Норвешка најуспешна нација

Завршија Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026. Норвешка најуспешна нација

90
0

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина беа затворени, со свечена церемонија во Верона.Градот Верона беше избран за домаќин на церемонијата, иако таму не се одржаа натпревари. Намерно беше избрана локација што потсетува на атмосферата на античките Олимписки игри.Античкиот римски амфитеатар во Верона, познат по својот летен оперски фестивал и бројни културни настани, ќе биде домаќин и на церемонијата на отворање на Параолимписките Зимски игри на 6 март 2026 година.На Зимските олимписки игри во Милано Кортина, се натпреваруваа околу 2.871 спортисти од 92 земји, во 116 олимписки дисциплини во 16 спортови, а Игрите траеја од 6 до 22 февруари 2026 година.Норвешка е најуспешната нација со 40 медали, од нив 18 се златни, а по 11 сребрени и бронзени.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде