По многу години, „Златна буба мара“ продолжува да биде препознатлив знак за популарност и влијание кај македонската јавност. И оваа година, на свечената сцена ќе се најдат најомилените имиња од музиката, филмот, телевизијата, спортот и другите јавни сфери, личности кои оставиле траен впечаток кај публиката.
Манифестацијата е позната по својот уникатен концепт, остар, но пријатен хумор и сатиричен осврт на актуелните случувања во општеството, што ја издвојува од класичните доделувања на награди. Признанијата се доделуваат врз основа на популарноста и влијанието кај публиката, што им дава посебна вредност и значење.
Свечената програма ќе понуди богата понуда од музички настапи, изненадувања и емотивни моменти, како и доделување на награди во повеќе категории, вклучувајќи и специјални признанија за најистакнатите личности.
Со своето 29-то издание, „Златна буба мара на популарноста“ уште еднаш потврдува дека е културен и медиумски феномен, кој успешно опстојува и се развива во чекор со времето.
Билетите веќе се достапни за онлајн купување преку www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.






