Почетна СЦЕНА „Као какао“ – првиот македонски мјузикл што ја слави музичката епоха на...

„Као какао“ – првиот македонски мјузикл што ја слави музичката епоха на Влатко Стефановски

25
0

Првиот македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, со наслов „Као какао“, премиерно ќе биде изведен во мај. Проектот е во режија на Дејан Пројковски, со драмски текст на Венко Андоновски, а се реализира во продукција на „Баги комуникации“ и Македонскиот народен театар.

Претставата ќе вклучи 19 препознатливи композиции од богатото творештво на Стефановски, преработени во нови аранжмани на Бобан Мирковски. Според продуцентот Владимир Мандичевски-Манде, идејата за мјузиклот постои веќе три години, а конкретната реализација започнала минатиот јуни. Тој нагласува дека изборот да се создаде мјузикл токму врз музиката на Стефановски е природен, бидејќи станува збор за најценетиот и најконзистентен музички опус во современата македонска сцена.

Оставете коментар

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде